МУЗЕЈ НА СОЛТА
Во музејот на солта не се
кажуваат несолени шеги.
Исказите не се зачинуваат
со непотребни придавки.
Храната не се досолува
а потта не се отсолува.
Нема изложени скулптури
од грутки сол, ниту групни
портрети на кристалите.
Во музејот на солта морето
е гостин како секој од нас, кој,
порано или подоцна, испарува.
