ОБРАТЕН ПРОФИЛ
(Errata)
Во Книгата на венчаните
се протнала грешка:
матичниот број на невестата
нема една бројка
Во Книгата на родените
се протнала грешка:
во презимето на бебето
голтнале буква
Велат дека
дури и во Египетската
Книгата на мртвите
се провлекол некаков
обратен профил, дека дури и во
Собраните дела на
најмудрите ќе наидете
на чудни лапсуси
Велат, сите се
протнуваме
со нашите грешки:
секој со својата
невидлива
errata
