ПРЕЗАФАТЕН ОД ЖИВОТОТ
На Марин Сореску
Претурам по ѓубриштето на животот
во потрага по златно зрно
разочарувања, како црви на мрша,
скокаат да ме пречекаат со леб и сол
како да е тоа сè што нудат,
нема светулки
во пештерата на моите
разбуричкани соништа
само тоа, само толку,
пее хорот на лилјаците.
Ќе продолжам да го туркам
Сизифовиот камен, им велам
иако ми остава модрини на телото
можеш уште, можеш уште
последниот здив
уште не ти тропнал на врата.
О, Боже, заборавив на Твоите искушенија!

