СТУДЕНА КНИГА
Снег врне во светлата куќа
куќата на мојот сон
е натрупана со снег
и јас каде и да појдам
те среќавам во исто годишно време
во зима што те дочитува
во зима што ме препрочитува
(о, летна горештино
прежеднета водо, о)
додека врне снег
додека редам
во фурната пресен леб
додека костените ги вадам од жарот
врне снег во светлата куќа
во куќата што ме сонува замрзнат
отсутен и туѓ
со очи на замрзнато небо
топло склопени со твоите корици.

