Песни

Ти секако ќе ме љубиш

Ова априлско небо без тебе е старо.
Одминува една тага, а ете, другата стасува
за твоето чезнење овој див каранфил за тебе.
Ти секако ќе ме љубиш!
Во твоите очи, илјада мали сонца
ноќта ја запалија, го запалија и денот.
Добро денес ќе помине, а како ќе издржам утре без тебе?
Ти секако, ќе ме љубиш!
Те преминав тебе, се преминав и себеси,
и отаде себеси, го преминав и животот,
и отаде животот ја преминав смртта.-
Ги раширив рацете да те обгрнам тебе:
Ти секако ќе ме љубиш!