ЈАДЕЊЕ ЗМИЈА
И јас го подзедов богот в уста,
го џвакав и гледав да не се задавам со коските.
Беше тоа змија-ѕвечарка, пржена в тава
и добра, иако малку мрсна.
(Батали ја фалусната симболика:
има две разлики:
змијата има вкус на пилешко,
и башка, кој му дарил на курот мудрост?)
Сите народи се доведени
во ситуација да си ги јадат боговите
по некое време: се работи за алчност
по чинија со вонземска храна, потреба за мрак,
страст да сетиш што може да ти се случи
кога забите ти се зариваат во божество, во месо,
кога ќе го проголташ и ќе можеш
да прогледаш низ неговите студени очи,
да прогледаш низ убиство.
Многу дрдорење за еден обичен ручек:
метафизика со кромид.
Змијата не беше послужена со опашката в уста,
што ќе беше посоодветно.
Наместо тоа, готвачот ја закачил кожата на ѕидот,
сосе ѕвечките и главата прикачена најгоре.
Сепак се работи само за змија.
(Како и да е, авторитетите се согласија:
Бог е тркалезен.)
преведено од:
Зоран Анчевски