Песни

ЈАЗИКОТ ВЕЛИ

Јазикот вели: и пред јазикот
постои јазик. Јазикот е валкан,
траги од некаде отаде.
Јазикот вели: слушај сега.
Слушаш. Се слуша ехо.

Земи тишина и обиди се да бидеш тивок.
Земи зборови и обиди се да зборуваш.
Отаде јазикот, јазикот е рана
од која истекува ли, истекува светот.
Јазикот вели: е, не е, е,
не е. Јазикот вели: јас.
Јазикот вели: ајде да те говориме,
да те допреме, да речеме,
ти си рекол.