1
Го напушти ли своето опкружување,
Пред првите петли, испратен со погледот
на Сара!? Ја препозна ли својата Вера,
гласот на Отецот!?
Каде ти е коњот, крилест!?
Го зеде ли детето за рака,
својот единец, мил, Исак.
детето на твојата старост!?
Појде ли во земјата Морија!?
Му ги врза ли рацете и нозете!?
Го положи ли дрвото, го подигна
ли ножот!? Те запраша ли,
додека умот ти пливаше
во Господовиот закон – зошто
го правиш ова, татко мој!?
Изусти ли, од водите длабоки,
од шумите густи, од скитот тесен,
зошто нема пат, зошто насекаде е пат –
Сине мој, сине мој, ако си
подготвен да служиш, управи
го срцето свое!
преведено од:
Јовица Ивановски