*
за малку ќе се вљубев во еден стол
но ти седна врз него
под ѕидниот часовник од бутната коска
па помисли дека очите ми се порти
духовите во мене се топеа со дождот
остана само неколку бавни камчиња
што танцуваа и се вртеа
ти не ја носеше вечноста на секој кат
за малку ќе се вљубев во еден стол
но ти седна врз него
под ѕидниот часовник од бутната коска
ги разредив дождовните капки по боја
по возраст и температура
ги оставив очите твои и секаква надеж со куферите
покрај шалтерот со луѓе
и се вратив во демонската утроба
следејќи ја зелената месечина за големи нешта
ме праша за насоката на безбојниот пат
патот кон заразата
тогаш низ клучалката на древната брава
ти покажав што е вистински живот
од другата страна на урнатините и сронетите делови на реката
натоварена со души и ангелски сокови од сите земји
сплотени за да ги победат зборовите и главите што со игри на среќа се занимаваат
за малку ќе се вљубев во еден стол
но ти седна врз него

