БАБАРИ
Ставија капи со пердуви на глава, ги маскираа
лицата, ги превртеа алиштата наопаку, ревеа
со гламни низ зимската полноќ
го извлекоа црнецот од куќата
со здивена музика од скршени
инструменти, преправајќи се дека
се работи за шега, сè дури
не го убија. Не знам
што се случи со неговата бела невеста.“
Американката, откако додаде дека
според неа тоа било многу
срамна работа, си го допи чајот.
(Белешка: никогаш не преправајте се дека
ова не е дел од таа земја, чајопијачи, ненамерни
жртви и убијци, ако се вратиме овде
повторно во друг облик, бидете внимателни
да погледнете наназад, внатре
каде што черепот под
лицето ја става врз себе перјестата маска, раката
в рака го крева копјето:
Не му се предавајте на звукот
од тапаните: Запрете. Очовечете се.)
преведено од:
Зоран Анчевски