Концерт
Кога со зурли, гајди, песна и воздигнат пој
што го опева нашето мачно постоење,
изгубено во нечистотијата на преполната улица
среде прашина и задушлив здив, од грло
со мек одек ќе се кренат етерични песни безброј
и миризлив, пенлив звук како привид без двоење
ќе се спојат со фанфарите на Млечниот Пат
распрснат во светови од етерска природа;
тогаш сѐ уште постои нешто
во кое сме благородно пресликани вешто.
Превод од холандски: Ели Пујовска

