ЈАС СУМ
Јас сум апостол непоканет на Тајната вечера
Јас сум задоцнет гарибалдинец на гребенот Кварто
Јас сум Месија на вера без ниеден верник
Јас сум изгонетиот, аутсајдерот, проколнатиот што не се предава
Јас сум протагонист што умира на првата страница
Јас сум едноок мачор што ниедна старица не сака да го милува
Јас сум бесен ѕвер што ја каса раката што милостина дава
Јас сум изгонетиот, аутсајдерот, проколнатиот безвремен
Јас сум бран убиец што однесува крпи и транзистори
Јас сум недоразбирање што предизвикува кавги
Јас сум ѓавол побегнат од мастилницата на Лутер
Јас сум филм што се кине на најубавиот момент
Јас сум изгонетиот, аутсајдерот, шајката во мозокот
Јас сум флиперско топче што паѓа на поен пред рекорд
Јас сум автогол во последната секунда
Јас сум дете што се потсмева на мајчините шлаканици
Јас сум страв на тревата пред косење
Јас сум изгонетиот, аутсајдерот, оваа скината страница.
преведено од:
Радица Никодиновска

