Песни

КУЌА ИЗГРАДЕНА ОД ПЛАТНО

Пораснав во куќа изградена од платно

си играв во урнатините на мануфактурата

стари камења како заби од чешлуга

ми ги гризеа стапалата

 

фрагменти од индустријата

нивното вар сјајно белило

избледено до пушачко жолтило.

 

Пораснав во долина

оптегната над каменот како платно

тркалав фудбали и ролшуи

врз овчјо-филцаната трева

 

градев преводници

во потокот

под стариот трговски пат.

 

Пораснав сред пејзаж

каде живи огради и сувоѕидици

ги шараа полињата како шевови

каде минатото

 

беше рунски јазик

зашиен, обоен и вткаен

во пророчките ридови.

 

Времето слегнува како здиплено платно

во овие долини

се фаќа себеси на дело

додека се свива наназад.

 

Пораснав гледајќи го минатото

Како ја тегли сета тежост на иднината

по линеарната нишка на каналот.

преведено од:
Милан Дамјаноски