МЕМЕТ
Земи ги овие трес-трасоци Мемет
Однеси го овие трес-трасоци кај трес-трасоџијата Мемет
Земи ја оваа јас Мемет
Однеси ја оваа јас кај ливадите
Не знам што да направам со себе
За мене секогаш сум била поморска битка Мемет
Однеси ја оваа јас кај птиците
Остави ја оваа јас во сиромашните маала
Војната секако е како ранец Мемет
Освен тоа, дали раната може да остари
Само остави ме да чекам во креветот – перница
Дури и јаболкото го чека своето време
Ти мене во еден стар ќуп
Длабоко Мемет уште подлабоко
Само гледај каков маскенбал, човечкиот род
Дали трес-трасоџијата Мемет
некогаш ќе ги поправи трес-трасоците?
Остави ја оваа јас кај сиромавите
Земи ми ја оваа јас Мемет и фрли ја од минарето
преведено од:
Звонко Димоски
