Песни

Сенки

Навечер
се отвора моето тело, бавно
како тридимензионална картонска сликовница
од која никнат
дрвја, згради, Сонце, планини, луѓе
наутро се затвора
а од мене сѐ уште штрчат
гранки, прозорци, сенки, карпи, дланки