Песни

Порака

драга љубов моја

заминувам

се извинувам

што пред две години

те заведов

се извинувам

што си одам без збор

што живеевме на ридот

дури и спиевме

во толку многу кревети

по хотелските соби

драга љубов моја

сите наши радости
во овој миг
не вреди ни да се спомнат
тие сите

со сѐ белите чаршафи
не се доволни
да го заменат

твојот копнеж
по слобода

и нешто добро

кои ти се потребни
колку повеќе одиме по патот

толку е пореален

може да се рече

дека сум имала ептен голема среќа

да спијам

со човекот од моите соништа

взаемно вљубени

длабоко

можеби и

подлабоко од сѐ

драга љубов моја

жал ми е 

што не ја родивме

нашата ќерка

од друг

не сакам да родам

но љубов моја

ти ја оставам

поракава

а и 

оваа разделба

исто е

среќа

за која што

и јас и ти

треба да бидеме

благодарни

љубовта си е љубов

љубовта си има 

совршени барања

кои нејзе ѝ се потребни

иако ние ги презиравме

вљубените

сепак на купот ѓубре

е насобрано

сѐ

што ние посакувавме

на еден висок рид од ѓубре

ветерот довејува од далечина

синото небо над нас

е многу далеку од зградите

тоа е што е

на овој свет

а ова ти е

рид

вистински

голем рид

ѓубреџиите еден по еден

ја неведнуваат главата

и ги забораваат

сопатниците

2013