Песни

ТАЈНИТЕ НА МОЛИТВИТЕ

Во моето семејство
молитвите се кажуваа тајно
со тивок глас, промрморен
со поцрвенет нос под јорган,
со воздишка на почетокот и крајот,
тенка и чиста како завој.
Околу куќата,
имаше само една скала за поткачување,
дрвена, потпрена на ѕидот преку цела година,
за да се поправат ќерамидите во август, пред дождовите.
Наместо ангели,
се качуваа и слегуваа мажи
кои боледуваа од ишијас.
Се молеа да се погледнат в очи со Него,
со надеж да го сменат договорот
или да побараат одложување на рокот.
„Господе, дај ми сила!“ и ништо повеќе,
бидејќи беа потомци на Есау,
благословени, со единственото нешто
што остана од Јакоб,
–сабјата.
Во мојата куќа молитвата беше слабост,
што не се споменуваше никогаш,
како водењето љубов.
И исто како водењето љубов по неа
следеше страшна ноќ на телото.

преведено од:
Ресул Шабани