ПАТОТ НА ПОЕТОТ
Го гледав поетот
Долго го гледав
Искривениот пат на поетот.
Се вртев назад со намера
Да ги прочитам белините
Меѓу два збора
Меѓу два реда
Меѓу две зинати празнини.
А таму, на меѓата, крај патот,
Ерика Јонг пишуваше:
Стариот поет
со лице преполно брчки,
со јамбови кои скокаат од косата ко болви,
со сите тие вртења на телото
што го одречуваат,
излегува на подиумот.
Се готви да ни каже
како стигнал до ова.
Така напиша Ерика Јонг.
А јас го гледан него
Го гледав поетот
Долго време го гледав
Јас
Застанат пред огледалото.