ПЕСНАТА РЕПЛИКA
Нашиот стар, добар пријател Eдоардо Сангвинети
пред да го прелета Морето
и да ни дојде на гости,
во својата Реплика беше рекол:
живеејќи за да сфашам зошшо живеам,
пишувам и за да сфашам зошшо пишувам;
и живеам за да сфашам зошшо пишувам,
и пишувам за да сфашам зошшо живеам:
Нашиот стар, добар пријател Едоардо Сангвинети
на крајот од својата Реплика
беше ставил две точки
за дорекување на животот и пишувањето,
Една доцна августовска вечер 2000-та
нашиот гостин Едоардо Сангвинети
на истекот на Црниот Дрим од Охридското Езеро
со растреперена рака допиша:
Живеам за да сфатам зошто живеејќи
пишувам за да сфатам зошто пишувам.
Потоа повлече линија
и додаде:
Зошто живеам за да сфатам зошто пишувам,
и зошто пишувам за да сфатам зошто живеам:
Прашањево нашиот стар, добар пријател Едоардо Сангвинети
пак го заврши со две точки
за низ нив да истекува Црниот Дрим
како дорекување на животот и пишувањето.
Го направи тоа Едоардо Сангвинети и дури потоа одлета назад, преку Морето во кое се влева Дримот.