ЖЕНСКИ ПАЗАР
толку нежност
на грубиот коловоз
Што ли купуваат жените?
Различни стории
1 кг. Среќа
Прецизно
Измерена
2 литри самотија
2-3 штипки
брзи разговори
Сред толпата што наоѓаат
Некогаш
Продадените
женски срца?
Времето е
нивниот молчелив
господар