Песни

КОГА НЕКОЈ СКИТНИК

Кога некој скитник, со прстот во песокот
црта покрив, оџак, прозорци кои светат и дење
а воздухот почнува да се бранува и ги брише линиите
но тој црта и врата, а влажните зрнца се топат и распаѓаат
и кружна ограда за да го обележи дворот
во кој сенките го одржуваат спокојот на земјата
И кога љубовникот, допирајќи го другиот
исцртува невидливи засолништа по неговото тело
и се склопчува внатре, како скитникот во веќе развеаната куќарка
која бива сѐ поблиску до средиштето на светот
Тогаш има ветер и надеж
Тогаш има ветер
и надежн