Ана Хофман
Германија
Биографија
Ана Хофман е родена во 1971 година на островот Риген во Балтичкото Море. Студирала историја на уметност, историја и филозофија во Грифсвалд, Хале и Берлин. Од 1998 година пишува поезија, проза, либрета и песни за музика. Нејзините песни се преведени на шест јазици и објавени од разни издавачи, од кои неодамна: „Вавилон транзит“ (германско-англиско издание) „Хибриден Верлаг“, Берлин, 2024 година, „Срната од Париз“, „Хибриден Верлаг“, Берлин, 2022 година, „ВЖЕЛБА“, „Хибриден верлаг“, Берлин, 2021 година, Медеа Мантра, „Хибриден верлаг“, Берлин, 2020 година, Леверин, приказна, Хибриден верлаг“, Берлин, 2019 година, „Кутијата на Пандора“, „Паразитенпрес“, Келн, 2004 и 2012 година, „Смртна маска“, (германско-англиско издание), „Корвинус прес“, Берлин, 2010 година. Ана Хофман живее во Берлин.