Поети

Андреј Медиќ Лазаревски

Северна Македонија

Биографија

Андреј Медиќ Лазаревски (2001, Скопје) дипломираше на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет и студент е на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките „Беседење со неа“ (2021, Дата Песнопој) и „Молитвени дискурси“ (2022, 2023 ‒ 2. изд., ПНВ Публикации). Има објавувано текстови во „Филозофска трибина“, студентското културно списание „Умник“ и во книжевното списание „Современост“. Тој е основач и главен и одговорен уредник на платформите на младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“, организатор е на поетскиот настан „Поетска епизода“, проектен асистент е на „Филозофскиот филмски фестивал“, член е на Филозофското друштво на Македонија, а дел е и од тимот на кафе-книжарницата „Буква“. Има учествувано на повеќе поетски читања, а негови стихови се преведени на српски јазик.