Гај Хелмингер
Луксембург
Биографија
Гај Хелмингер е роден во 1963 година во Еш на Алзет, Луксембург. Студирал германска книжевност и филозофија во Луксембург, Хајделберг и Келн. Од 1985 година живее во Келн и работи како писател.
Во периодот јуни-јули 2006 година, бил на книжевен престој во Хајдерабад, Индија, во февруари-март 2007 година престојувал во Техеран како дел од проектот „Западно-источен диван“, од декември 2008 до јануари 2009 година бил на книжевен престој во Сана, Јемен, а во 2015 година престојувал во Јужна Африка. Во 2016 година бил дел од уметничкиот проект „Трансформација и идентитет – траума и помирување“ во Мјанмар, а во 2018 година присуствувал на фестивалот „Гонг-лаут“ на Бали, собир на автори и музичари кои сакале да привлечат внимание за еколошките проблеми со кои се соочува островот. Се стекнува со доцентура за поезија во 2012 година на Универзитетот „Дуизбург-Есен“.
Заедно со колегата Навид Кермани, Гај Хелмингер уште од 2006 година е дел од Меѓународниот книжевен салон во Келн. Од 2010 до 2012 година тој бил презентер на шоуто за култура на луксембуршката телевизија, а од 2012 до 2017 бил презентер на шоуто со наслов „ДНК“.
За своите дела, тој е добитник на наградата „Прикс Серве“, наградата „3сат“, Дрезденската поетска награда, поетската награда „Мерано“ и наградата „Густав Реглер“, помеѓу другите.
Неговите најнови изданија се следните: „Белешки и слики од Бразил“, 2022 година; „Мадам Копеник“, театар, 2022 година; романот „Бучава“, 2021 година; романот „Аферата Ломбарди“, 2020 година; „Глинените згради на светлината – Белешки и фотографии од Јемен“, 2019 година; „Џокеј“ театар, 2019 година; збирката песни „Дневниците на елките“, 2018 година и збирката песни „Далечниот север“, 2017 година.

