Поети

Даниела Андоновска-Трајковска

Македонија

Биографија

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола) е македонска поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор на Педагошкиот факултет – Битола каде активно работи и во Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик кој е создаден на нејзина иницијатива. Член е на: Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна, Битолскиот книжевен круг (БКК) и Македонското научно друштво (МНД) – Битола каде во два мандати била претседател на Уредувачкиот совет, била во управниот одбор, а сега е раководител на одделението за литература и лингвистика во Друштвото. Главен уредник била на книжевното списание „Раст“ –  2018-2022, член е во редакцијата на „Стожер“ кое го издава Друштвото на писателите на Македонија, а главен и одговорен уредник е на Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ (Македонско научно друштво – Битола). Има објавено над 100 научни трудови, 9 книги поезија, две книги со раскази, книга со книжевна критика, коавторска песнарка за деца, две меѓународни публикации од областа на образованието и еден универзитетски учебник на македонски, 6 поетски книги на англиски, арапски, италијански и романски јазик и 7 книги со нејзин книжевен превод од англиски на македонски и обратно. Нејзината поезија е реведена на над 40 јазици и објавувана ширум светот, а е добитник на неколку книжевни награди меѓу кои: Празник на липите (ДПМ, 2018), „Крсте Чачански“ за проза (2019), Караманов 2019 за „Електронска крв“, Македонска книжевна авангарда за „Куќа на контрасти“ (2020), Abduvali Qutbiddin (Узбекистан, 2020), Premio Mondiale “Tulliola- Renato Filippelli” за “Electronic Blood” (Италија, 2021), “Città Del Galateo – Antonio De Ferrariis” (Италија, 2021), Книжевен круг за критика за „Книжевно-критички читања“ (2022), награда за поезија „Дритеро Агиоли“ (Корча, 2023), награда за поезија „Михаи Еминеску“, златен медал и прогласена за амбасадор на културата во Романија во 2023 и највисокото признание за поезија што го доделува Друштвото на писателите на Македонија „Ацо Шопов“ за „Математичка поезија“ (ДПМ, за 2020). 

Објавени дела:

а) Поезија:

  • „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, Скопје: Матица, 2014);
  • „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, Битола: Македонско научно друштво, 2015);
  • „Црна точка“ (Битола: Битолски книжевен круг, 2017);
  • „Стапалки“ (Битола: Македонско научно друштво, 2017);
  • „Три“ (Скопје: Современост, 2019);
  • „Куќа на контрасти“ (Скопје: Матица, 2019);
  • „Електронска крв“ на македонски (Радовиш: Центар за култура „Ацо Караманов“, 2019) 
  • „Електронска крв“ на арапски јазик (Обединети Арапски Емирати: Равашен Паблишинг, 2021)
  • „Електронска крв“ на англиски јазик (Сајбервит, Индија, 2021)
  • „Математичка поезија“ (Скопје: Центар за култура и културолошки студии, 2020)
  •  “Dandelion Cadence” (во коавторство, Калкута: Ерик Паблишинг, 2021)
  • „Пеш по воздушна линија“  (Скопје: Ми-Ан, 2021)
  • “Soul full of Sky – Il Cielo nell’Anima”(„Со небо во душата“) поетска книга на англиски и на македонски јазик (превод од македонски на англиски јазик: Даниела Андоновска-Трајковска, превод од англиски на италијански јазик: Клаудија Пичино), Ил Кускино ди Стеле, Италија, 2022,
  • “Omuletiii de Hartie si Dumnezeu” („Човечињата од хартија и Бог“) поетска книга на романски јазик во препев на Константин Северин, Букурешт: Еикон, 2023. 

б) Проза:

  • „Кафе, чај и црвено небо“ (Струга: Бран, 2019)
  • „Деконструкција на празнината“ (Скопје: Центар за култура и културолошки студии, 2022)

в) Книжевна критика 

  • „Книжевно-критички читања“ (Битола: Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“, 2022)

в) Други дела

  • „Сообраќајна песнарка“ (со Весна Мундишевска-Велјановска, Скопје: Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, 2019;
  • „Водство во образованието“ (со проф. д-р Сузана Миовска-Спасева и проф. д-р Насир Селими, Амстердам: Школа за менаџмент во образованието и Скопје: Филозофски факултет, 2013);
  • „Водство во образованието: прирачник за обучување водачи во образованието“ (во коавторство со проф. д-р Сузана Миовска-Спасева, Амстердам: Школа за менаџмент во образованието и Скопје: Филозофски факултет, 2013);
  • „Критичка писменост“ (универзитетски учебник, Битола: Универзитет „Св. Климент Охридски“, Педагошки факултет-Битола, 2019).

Книжевни преводи:

  • Книги:
  • Маи Ван Фан и Раед Анис Ал-Јиши. (2020). Новогодишно бањање. Зачуден барут. (Уред. Борче Панов), Прев. Даниела Андоновска-Трајковска, Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш,
  • „Петто календарско време: Антологија на Караманови средби“ (2020). (Уред. Борче Панов, прев. од англ. на мак. Даниела Андоновска-Трајковска), Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш
  • Борче Панов. Подземно јаболко/ Borce Panov. Underground Apple. (превод од македонски на англиски јазик) објавена во 2021 година во Холандија од Демер Прес и двојазично на македонски и англиски – објавена од Матица во 2022 година.
  • Превод на своја поезија (Books: Math Poetry, Electronic Blood (објавена од Cyberwit) , House of Contrasts),
  • Клаудија Пичино. (2021). Отвор од светлина во катедралата. (Уред. и превод: Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска), Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш.
  • Borche Panov: Sculpture of Breathing, (превод од македонски на англиски јазик: Даниела Андоновска-Трајковска, превод од англиски на италијански: Клаудија Пичино, Кускина ди Стеле, Италија, 2022).

Стручен превод од англиски на македонски:

  • Превод на „Методи на општественото истражување“ од Ален Брајман, Оксфорд Университи Прес од англиски на македонски јазик (превод: Ружица Цацаноска, соработници на превод: Даниела Андоновска-Трајковска, Гордана Стојаноска и Стела Босилковска, стручна редакција: Петре Т. Георгиевски и Златко Жоглев, издание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола 2015, 780 страници)