Поети

Димитрис П. Краниотис

Грција

Биографија

Димитрис П. Краниотис е роден во 1966 година во Префектурата Лариса, во Централна Грција, и пораснал во Стомио (Лариса). Студирал медицина на Универзитетот „Аристотел“ во Солун. Живее во Лариса и работи како лекар (специјалист за интерна медицина).

Автор е на 10 поетски книги во Грција и во странство: „Траги“ (Грција, 1985), „Глинени лица“ (Грција, 1992), „Фиктивна линија“ (Грција, 2005), „Дини“ (Романија, 2007), „Ендограм“ (Грција, 2010), „Еда“ (Романија, 2010), „Илузии“ (Романија, 2010 година), „Остава самогласки“ (Италија, 2017), „Врвашка за јавна пристојност“ (Грција, 2018) и „Минус еден“ (Шпанија, 2022). Исто така, тој е главен уредник на меѓународната антологија на англиски јазик „Светска поезија 2011“ (205 поети од 65 земји).

Добитник е на бројни меѓународни награди за својата поезија која е преведена на 28 јазици и е објавена во книги, антологии и списанија во многу земји низ светот. Поканет е и учествувал на повеќе меѓународни поетски фестивали.

Тој е доктор по книжевност, академик во Италија, почесен претседател на Светскиот конгрес на поети (СКП), претседател на 22. Светски конгрес на поети (Грција 2011), основач и претседател на Светското здружение на поети (СЗП), основач и директор на Медитеранскиот поетски фестивал (Лариса, Грција), претседател на Комитетот на писатели за мир на ПЕН Грција, амбасадор на Движењето „Поетас дел Мундо“ во Грција и член на Светското поетско движење (СПД), на Грчкото книжевно друштво (ГКД), на Националното друштво на грчки книжевни писатели (НДГКП) итн. 

Неговата официјална веб-страница е http://www.dimitriskraniotis.com/