Поети

Ива Дамјановски

Македонија

Биографија

Ива Дамјановски (1996) Родена е на 09.01.1996 во Скопје, С. Македонија и е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. (2019), класа на проф. Тодор Светиев. Моментално е студент на катедрата за Музикологија, на универзитетот „Università di Trento“, како и на катедрата по Музичка Интерпретација и Композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје, класа на прoф. Марија Ѓошевска. 

Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. за стихозбирката „Тие“ (2017, Блесок), кој го добива своето второ и дополнето издание во 2019 г. (ПНВ Публикации). Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење“, за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата. Нејзината поезија е застапена во многу антологии и списанија за книжевност. Добитник е на третата награда на конкурсот „Антево Слово“ за најдобра необјавена песна во 2021, а е лауреат на истата во 2022, како и на специјалната награда на меѓународниот натпревар Castello di Duino во Трст, за најдобра необјавена песна со значајна социјална или хуманистичка порака (2021).Учествувала на голем број поетски читања и поетски фестивали во и надвор од државата, меѓу кои и Меѓународниот Поетски Фестивал во Корк, СВП, интердисциплинарниот меѓународен проект “Urban Travel Machines” и др. Во 2022 ја објавува и својата трета повеќејазична збирка „Тријажа“ во издание на „Темплум“, заедно со збирката „Почнуваме“, издание сочинето од избор песни од нејзините први две збирки. Нејзината поезија е преведувана на српски, грчки, хрватски, словенечки, англиски, шпански, италијански, бенгалски, романски јазик и ирски јазик.