Крис Мекејб
Обединето Кралство
Биографија
Делата на Крис Мекејб се простираат низ неколку уметнички форми и жанрови кои вклучуваат поезија, белетристика, нефикција, драма и визуелни уметности. Неговите дела биле во потесен избор за наградата „Тед Хјуз“ и за наградата „Република на свесноста“. Неговата најнова поетска збирка Триумф на ракот е препорачана книга од Здружението за поетски книги, а тој е еден од уредниците на неколку антологии, меѓу кои: Песни од работ на постоењето: Антологија на поезија од загрозени јазици. Негови романи се Дедал и Кал. Тој работи на епска серија од психогеографски книги што ги документираат загубените поети, закопани во лондонските викторијански гробишта, од кои најновата е Закопана градина: Затворање со загубените поети од гробиштата „Абни Парк“, која била избрана за книга на годината од „Вајт ривју“ во 2022 година. Тој работи како главен библиотекар во „Националната поетска библиотека“ во Лондон.