Поети

Мартина Стракова

Словачка

Биографија

Мартина Стракова завршила магистерски студии по културологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Комениус“ во Братислава. Потоа добила неколку стипендии на престижни германски универзитети и го одбранила таму својот докторат од областа на филозофијата. Се занимава со пишување поезија и приказни за деца, со сликарство, а исто така и со книжевен превод од англиски и германски на словачки јазик. Од 2013 година ја води работилницата за креативно пишување Донеси ја својата песна, која е вклучена во програмата на меѓународниот поетски фестивал Арс Поетика во Братислава. Дебитира со поетската збирка Разгледници од невидливите места (Братислава: Арс Поетика, 2019). Живее и создава во Братислава.