Поети

Лауреат - 2023

Влада Урошевиќ

Северна Македонија

Биографија

Роден во Скопје на 17.10. 1934 година. Поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач, универзитетски професор. Дописен член е на меѓународната Академија Маларме во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Член е на МАНУ, на Македонскиот ПЕН-центар и на ДПМ. Се јавува како пасиониран истражувач на противречната феноменологија на литературната и на научната фантастика, на митолошките системи на минатото и на денешнината, на ирационализмите од ониричките доживувања присутни во модерниот и постмодерниот поетски и раскажувачки дискурс, почнувајќи од книгата Мрежа за неуловливото (1980), преку Нишката на Аријадна (1985) и Демони и галаксии (1988), па с# до Астролаб (2000). Затоа, и како автор израснува во поет и раскажувач на фантастичното, ониричкото, надреалното. Дебитира со стихозбирката Еден друг град (1959). Првиот негов роман го носи насловот Вкусот на праските (1965), а првата негова збирка раскази Знаци (1969). Урошевиќ ја претставува најкомпетентно т.н. трета генерација македонски поети преку антологискиот избор Црниот бик на летото (1963), а потоа и со есеи и критики собрани под наслов Врсници (1971). ДЕЛА: Еден друг град (поезија, 1959), Невиделица (поезија, 1962), Вкусот на праските (роман, 1965), Манекен во пејзажот (поезија, 1967), Летен дожд (поезија, 1967), Знаци (раскази, 1969), Врсници (критики и есеи, 1971), Ноќниот пајтон (раскази, 1972), Ѕвездена терезија (поезија, 1973), Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975), Сонувачот и празнината (поезија, 1979), Мрежа на неуловливото (критики и есеи, 1980), Лов на еднорози (раскази, 1983), Компасот на сонот (поезија, 1984), Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985), Хипнополис (поезија, 1986), Подземна палата (есеи, 1987), Демони и галаксии (студија, 1988), Панична планета (поезија, 1989), Алдебаран (записи и патописи, 1991), Митската оска на светот (критики и есеи, 1993), Ризиците на занаетот (поезија, 1993), Мојата роднина Емилија (роман, 1994), Паники (поезија, 1995), Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996), Париски приказни (записи и патописи, 1997), Астролаб (критики и есеи, 2000), Дива лига (роман, 2000); антологии: Француска поезија – 20 век (1972), Црна кула (1976), Современа македонска поезија (на српскохрватски јазик, 1978), Космос в амбар (на холандски јазик, 1980), Кула (на узбечки јазик, 1981), Големата авантура: францускиот надреализам (1993), Шуми под море (кратката прозна форма во француската литература, 1994), Златна книга на француската поезија (1996), Седум француски поети (2001). Избрани дела (2004).