Лауреат - 2022
Шунтаро Таникава
Јапонија
Биографија
Шунтаро Таникава е роден во Токио во 1931 година како единствениот син на филозофот Тецузо Таникава. Започнал со пишување поезија кога имал 17 години, а неговите први песни биле објавени во престижно книжевно списание во 1950 година. Неговата дебитантска збирка „Две милијарди светлосни години самотија“ во 1952 година ги запрепастила неговите поетски врсници и книжевни критичари како нешто со кое се сретнуваат за првпат и со тоа се втемелува како нова одредница на јапонската поетика по Втората светска војна.
Шунтаро е добитник на книжевната награда „Јомиури“ во 1983 година, наградата за модерна поезија „Ханацубаки“ во 1985 година, наградата „Такаши Саида“ во 1987 година, книжевната награда „Шогакукан“ во 1988 година, меѓународната награда во САД: „American Book Award“ во 1989 година, меморијалната награда за модерна поезија „Јутака Марујама“ во 1991 година, првата „Сакутаро Хагивара“ награда во 1993 година, наградата „Асахи“ во 1996 година, наградата на фондацијата „Сасакава“ во 1998 година, наградата за детска култура „ЕНЕОС“ во 2000 година, книжевната награда „Динг Џун“ во Кина во 2005 година, наградата за уметност „Маиничи“ во 2006 година, наградата на „Монголското здружение на писатели“ во 2008 година, првата „Нобуо Ајукава“ награда во 2010 година, меѓународната поетска награда „Жонгкун“ во 2011 година, наградата „Тацуџи Мијоши“ во 2016 година, наградата на фондацијата „Јапонија“ во 2019 година и многу други. Исто така, тој е добитник на награда од „Јапонските музички награди“ во 1962 година за стиховите од песната „Песна за понеделник, вторник, среда, четврток, петок, сабота и недела“.