Димитар Башевски
Северна Македонија
Биографија
Димитар Башевски, романсиер, раскажувач, поет, преведувач, издавач. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Долги години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ од Скопје, а потоа главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година беше претседател, а потоа почесен претседател на Макдонскиот ПЕН центар.
Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, романски, грчки, бугарски, српски, турски, црногорски и албански јазик.
За своите книги тој ги има добиено високите награди 11 Октомври, Рациново признание, Ванчо Николески, 13 Ноември, наградата Роман на годината за романоит „Бунар“, потоа највисокото признание за долгогодишни остварувања, државната награда Св. Климент Охридски, како и поетската награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Дни, години“.