Поети

Јана Радичевиќ

Црна Гора

Биографија

Јана Радичевиќ е црногорска поетеса родена во 1997 година во Подгорица. Студиите по германистика ги завршила на Филолошкиот факултет во Никшиќ, а како студентка престојувала и на Универзитетите во Марбург и Грац. Членка е на книжевната група „Форум на млади писатели“, која се собира во КИЦ „Будо Томовиќ“ во Подгорица од 2015 година. Нејзината прва збирка поезија „ако речам може да стане вистина“ е објавена 2019 година во издание на „Партизанска книга“ од Србија. Објавувала поезија и кратки раскази во бројни зборници, книжевни списанија и портали. Нејзината поезија е преведувана на германски, англиски, француски, руски и словенечки, а во најава е и превод на грчки јазик. Таа е најмлада добитничка на книжевната стипендија Writer of the City of Graz (Писател на градот Грац) за 2020/21 година доделена од градот Грац.