Награда „Браќа Миладиновци“
Наградата „Браќа Миладиновци“ е востановена во 1963 година како признание за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.
Наградата „Браќа Миладиновци“ е најважната национална награда за поезија во Македонија. Наградата е именувана во чест на истакнатите македонски просветители и преродбеници, браќата Димитар, Наум и Константин Миладинови. Најстариот брат Димитар беше собирач на македонски умотворби и просветител, средниот брат Наум е првиот македонски музиколог и мелограф, а најмладиот брат Константин се смета за основоположник на современата македонска поезија. Во негова чест, во 1961 година беа започнати „Струшките вечери на поезијата“. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за најдобра поетска збирка издадена меѓу две фестивалски изданија. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година објавуваат репрезентативно издание од добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ преведено на англиски јазик. Прв добитник на наградата беше Матеја Матевски за својата поетска книга „Рамноденица“ во 1963 година.
Наградени Поети