Награди

Награда „Златен венец“

Наградата „Златен венец“ е една од најзначајните интернационални награди за поезија во светот.

Наградата „Златен венец“ е востановена во 1966 година. Oттогаш па до 1971 година се доделува за најдобра необјавена песна прочитана на Фестивалот. Од 1971 година „Златен венец“ се доделува за целокупен поетски опус.

„Златниот венец“ претставува уникатна рачна изработка. Нацртот на „Златниот венец“ го изработил македонскиот сликар и графичар Димче Протуѓер, кој тогаш бил член на Советот на „Струшките вечери на поезијата“.

Меѓународното признание, наградата „Златен венец“ се доделува на Меѓународниот поетски митинг „Мостови“, на истекот на реката Црн Дрим, пред повеќеилјадна публика. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година издаваат репрезентативна книга поезија од добитникот на наградата „Златен венец“ во оригинал и во препев на македонски јазик.

Извадоци од книгата „Поетска престолнина на светот“ од Гоце Ристовски.

Наградени Поети