БЛАЖЕНСТВА НА СЛУЧАЈОТ
Благословени да се слепите коцки –
тие не подлегнуваат на искушение.
Благословена да е картата невидена –
таа е во состојба на невиност,
сè дури не ја допре раката на крупието.
Благословени да се паричките петка-глава –
мудроста на нивното потфрлање
го спојува рајот со пеколот.
Благословена да е лудата џамлија
што се тркала во тркалото на рулетот –
екстатична е во својата несигурност.
Благословени да се дивите броеви
пред извлекувањето на Шабат –
го подучуваат Бога на еднаквост.
преведено од:
Зоран Анчевски