Том Пецинис
Австралија
Биографија
Том Пецинис е роден во Егејска Македонија, а емигрирал во Австралија како дете. Студирал математика на Универзитетот во Мелбурн и долги години предавал на Универзитетот „Викторија“. Ги истражувал математиката и нејзината историја во неколку романи, драми и збирки поезија.
Книжевниот опус на Том се состои од десет збирки поезија, меѓу кои Четири квартети, добитник на поетската награда „Весли Мишел Рајт“, исто така и Стела, Изолација и Шепотот на нулата. Некои од неговите најпознати драми се: На пат кон Солун, Кругот на Хипатија, Последниот танц на Зорба и Сушата, која е добитник на наградата „Вал Чери“ и беше дел од потесниот избор за книжевната награда „Премиер“ во Викторија. Неговите најпознати дела (фикција) се романите Дванаесеттиот дијалог и Францускиот математичар, од кои вториот роман бил номиниран за наградата „Премиер“ во Нов Јужен Велс и во Јужна Австралија. Неговиот најнов роман е Суровиот Фицрој, како и продолжението Магла – двете книги се водат од имигрантските искуства стекнати во работничкото предградие Фицрој во Мелбурн.
Делата на Том се преведени на голем број јазици. Во моментот, тој работи како координатор за математика на Универзитетот „Дикин“ во Мелбурн.