ЗАДРЖЕТЕ ЈА ПАНИКАТА
„Да се умре, тоа е само да не си виден“, тврди
локалниот вечен алкохоличар, чуварот на обраснатата Градина.
Времето овде во темните места е безвременско.
Сега е облачно, ама прилично мирно. Никој
не спие. Под прозорците моментално ми штрака претпотопскиот
жолт ноќен трамвај бр. 25. „Pax técum“, брз курир
од сите слободни и зафатени места.
Сè се случува. И јас, се надевам, исто така. Се чини
дека времето продолжува и бедата расте. Среќавам тука
многу живи траги. По тастатурата токму сега ми лази
страшно подвижна, страшно мала мравка –
речиси не се гледа. И во секој момент може
да исчезне или да експлодира.
преведено од:
Звонко Танески