Лауреат - 2025
Иван Штрпка
Словачка
Биографија
Иван Штрпка e роден на 30.6.1944 година, во Хлоховец, Република Словачка. Две години работел како истражувач во областа на геодезијата. Завршил студии по шпански со словачки јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Комениус“ во Братислава. Во шеесеттите години на минатиот век, заедно со поетите Иван Лаучик и Петер Репка, ја основа индивидуалистичката поетска група Осамени тркачи. Нејзиниот манифест „Враќањето на ангелите“ бил забранет. Во него станува збор за слободата на мислењето, на животот и на творештвото, за одговорноста на поединецот и за отфрлањето на комунистичката диктатура и цензура. Тие формираат свој начин на пишување и сопствени животни вредности.
За време на Кадифената револуција, во 1989 година, бил коосновач и активист на движењето „Јавноста против насилството“. Работел како главен уредник на обновениот легендарен неделник „Културен живот“. Од 1970 г. бил уредник во издавачката куќа „Словачки писател“ (Slovenský spisovateľ), а од 1971 до 1973 г. во издавачката куќа „Татран“ (Tatran). Потоа работел како драматург за деца и млади во Словачката телевизија во Братислава. Од втората половина на 1980-тите работел како главен уредник на повеќе книжевни списанија.
Дебитирал во 1969 година, со книгата Кусото детство на копјаниците. По објавувањето на Тристан дрдори во 1971 година, добил десетгодишна забрана за објавување. Но потоа издава низа стихозбирки, три книги есеи и романот Заложник. Освен тоа, напишал текстови за музички песни за дванаесет албуми на единствениот рок-композитор и пејач Дежо Урсини.
Неговите дела се преведени на повеќе странски јазици. Самиот преведува од португалски, шпански, италијански, унгарски и арапски јазик.
Добитник е на повеќе книжевни награди.
Живее во Словачка, во Братислава и другаде.
Поетски книги:
–
Кусото детство на копјаниците (1969, 1999)
−
Тристан дрдори (1971)
−
Сега и други острови (1981)
−
Пред промената (1982)
−
Вести од јаболката (1985), на српски јазик: 2008