Песни

Леден Тек

Прозрачно пробиената магла веќе црта сенки.
Ја повлекуваме водата високо до брадата
како чаршафи, толку брановито студени и штиркани,
се допираме заедно како молитва, засекогаш преплетени
во етерот на минатото, кога не зборувавме
за она што нè врзува,
неразумни соништа што водат кон сонувани чудовишта.

преведено од:
Превод од холандски: Ели Пујовска