Песни

Песна – леден брег

Со еден врв како со сјајна кикиришка
се перчиш по големото синило.
Три четвртини од значењето криеш вешто,
за поарни времиња и похрабри погледи.

Никој не може да те измери, де се топиш
де мрзнеш, катаден – никој да те гушне
и билото да ти го сети – ја го било, ја не го било:
самотно лунѕаш по маглишта и цибрини.

Сме ги галеле зборовите што биле со нас,
но ти си недофатна – се топиш на допир
и се претвораш во студена струја што насон
бездушно ни ја ѕемне плотната кал до несон.

Ти ни младост имаш, ни старост –
ами ко бел кит се војваш низ нив,
пловиш низ темното, акаш низ древното,
нѐ тераш напамет да ти ја учиме трагата.

Од ум нѐ вадиш. Од сон. Од јаве.
И сѐ така: ние по тебе, а ти по нас.