Зоран Анчевски
Северна Македонија
Биографија
Поет, универзитетски професор, преведувач, есеист. Има објавено осум поетски збирки што се одлично примени од критиката, високо оценети и наградено со различни награди во земјата и во странство, како што се наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга (1984), меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004), највисоката национална награда за поезија „Браќа Миладиновци“ на СВП за Небесна пантомима, како најдобра поетска книга во 2018 година и др.. Исто така има објавено голем број есеи, критички осврти, и студија од доменот на книжевната теорија, За традицијата (2007). Приредил и превел на англиски јазик неколку антологиски избори македонска поезија и куса проза, а речиси да нема позначаен македонски или англо-американски поет што го не го превел на македонски или на англиски јазик. За неговата преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Избори од неговата поезија се преведени и објавени на над дваесет јазици во бројни и значајни странски списанија и антологии. Неговите Избрани песни на македонски и англиски јазик се објавени во 2011 година. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со УО на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје, Р. Македонија.