Песни

Разредени места

И од неодредено променливата магла овде – онде
се појавуваат само нивните колена што брзо чекорат и за миг одат
по улицата само празните чевли.

Нивните движења и гласови дополу сосем променети само овде-
онде во нешто неопределено околу нив многу забавено пливаат.

И под светилките зад прозорците од нивните домови
дење силно блескаат празните садови,
глувите пијана и немите сеанси во заслепувачките огледала.

Што ли ќе се развидели, кога во темницата екранот на таблетот
одеднаш целосно ќе се открие?

Исто како ненадејниот близок истрел, и дамките на празнотијата
се вшмукуваат на облеката. Боите одеднаш избиваат на површината
на нештата,
како брзо се излегува од возовите запрени сосема на работ
од несреќата, и со непрекината тишина веднаш се впиваат во
исечоците на бледите лица.

Јазикот се лепи. Разновидниот страв им се обраќа
по име.
Со врвовите од прстите допирајте се. Бидете присутни. Не губете
се. Не исклучувајте ја врската.

преведено од:
Звонко Танески