Гробница
меѓу нашите зборови израсна гробница со високи ѕидови и сиви гробови.
една ранета птица слета и се сви на нашиот гроб, под уморот на чемпресите.
имаше уморно небо што издишуваше жежок здив удолу бездната на нашите тилови.
и сè уште беше тивко, но ја почувствувавме тагата,
и веќе беше доцна:
сенката од еден кафез, безсрамно, се изви врз ѕидот на нашите грбови.

