Чавие Мас Кравиото
Шпанија
Биографија
Чавие Мас Кравиото (Навас, Каталонија, 1996) студирал каталонска филологија и завршил постдипломски студии по јазично советување и издавачки услуги на Универзитетот во Барселона. Четири години предавал каталонски јазик и култура на Универзитетот во Бристол, во Обединетото Кралство. Исто така, бил член на Управниот одбор на Здружението на писатели на каталонски јазик (AELC). Еден е од коосновачите на Com hodiria, дигитална платформа специјализирана за младинскиот жаргон на каталонски. Во 2018 година станал најмладиот добитник во историјата на Наградата за проза „Документа“, за својот роман Бавната смрт ,2019, а подоцна ја објавил и својата втора книга, Кожата на светот, 2023.
Автор е и на три збирки поезија: ‘Ржењето на црниот коњ, 2019, со која ја добил првата Награда за млади поети „Салвадор Ибора“ во 2018; Големата мачнина, 2021, и Подземнатата светлина, 2023, која му ја донесла наградата „Аузијас Марк“, една
од најпрестижните награди за поезија на каталонски јазик.

