Песни

dea ex machina

„Оди сега в постела.“ твојата гневна судбина те очекува симултаната – давеничка –Офелија во борбата против теророт, телото се потопува, малата во контекстот на сторител жртва, гледач на сопствениот одраз

 

конструкцијата на сликата за непријателот се засилува кога ќе се скрши отпорот, кога ќе ти свикаат в уво белите

мажи од индустриите во замирање, марш во речниот кревет „Добра ноќ“

 

сè како секогаш што ќе допре Хамлет умира, само мртва жена е добра површина за проекции „Ти

лешу“ изговори dea ex machina „не можеш да ја свиткаш водата, но, секоја река има два брега.

 

Во следната претстава обиди се на другиот брег и собери ги урнатините, Медеја, Офелија, Ајша, Сузана!“

преведено од:
Ксенија Чочкова