Елемента
Кога секој миг е незапишан почеток
на трага што дури по векови
ќе пролее светлина врз ова сегашно –
тогаш познатите зборови се далечна ѕвездена прашина,
што доаѓаат тивко, исцрпено и предоцна.
За што тогаш би зборувале?
Само повикот на водата трепери,
брбори на јазик денешен, неразбирлив,
јазик што не врзува ништо,
ниту најтенка нишка.
А најмалку во овој забрзан миг
на твоето разлевање во постојана
пенливост на бурното невреме
што одново те совладува.
Превод од холандски: Ели Пујовска

