Пукај!
Излегува од челуста на војната
озлобен и исклештен
од туѓа крв испрскан
Застанува озабен пред кревките тела
наредени во строј разнишан
прежеднети
прегладнети
од судбата несвоја утепани
Предвреме остарени
ко ветрушки се нишаат
на пламениот ветер
Раката грабежлива за туѓото
(додека своето низ прсти се рони)
им тутнува пушки меѓу прстите
за милување родени
Им вели Пукај!
И тие пукаат
во сопственото време .