Во потрага по дом
Додека умот сурово ме измачува
со поројот прашања за кои нема еден одговор
се нишам од ветровите на есента шибана
среде плоштатчето издигнато
како островче во денот
се вртам збрлавено во круг
и зашеметено ги опфаќам со поглед
сите згради станови прозорци и балкони
што зачудено ме гледаат со студени ириси
одбивајќи ми го погледот како на туѓинка
и се обидувам да издвојам еден
само еден од плипотот
и да го наречам дом
во кој може да се свие
меко и топло гнездо.