Песни

ПРЕВЕДУВАЧИ

Го прашувам

со поглед дрвото кое го прашува

небото

и гледам во нивниот дијалог

дека не го разбирам

дека небото му одговара на дрвото

дека тој одговор е едноставен

а можеби е и таков

само

затоа што прашањето

е добро поставено

 

Да се зборува јазикот на дрвото

да се преведе дождот, облакот

идиомите на азурот и на ветрот

сè уште ни треба

да се ослободиме од зборовите како што дрвото

се ослободува од лисјата

 

Оставете го дрвото

оставете му ја хартијата

оставете му ја на облакот и на снегот

белината

 

И студената сезона надвор од дофат

голи држете ја

преведено од:
Марија Николовска